мај 16, 2026

Украинските сили го нападнаа селото Журављовка во руската област Белгород, истрелувајќи три ракети со касетна муниција од повеќецевни фрлач.

Украина ја ракетираше Русија со касетна муниција

Во регионот на Белгород на 21 јули од повеќецевни фрлач беа испукани 21 артилериски проектил и три со полнења со касети. Во нападот бил употребен и еден беспилотно летало камиказа, а врз селото биле испукани десет гранати – изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

Девет артилериски гранати и две гранати биле испукани кон селото Шчетиновка, а од дронот била фрлена и експлозивна направа.

Гладков рече дека вчера украинските сили ја нападнале територијата на Белгородската област повеќе од 100 пати.

Во ниту една населба во округот нема жртви или штети – додаде Гладков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK