мај 16, 2026

Синоќа по концертот на српската турбо фолк пејачка Теа Таировиќ, што се одржа на отвореното Ракометно игралиште во Битола се случил немил крвав настан.

Според извори на СВР Битола полициски службеници ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициската станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка која е пријавена околу 00.47 часот.
Според пријавеното, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР. Инаку, според информации на “Слободен печат” две од повредените лица, од кои едното е во сериозна критична состојба, се транспортирани во Скопје на Скопските клиники.

The post На концерт на Теа Таировиќ: Тешко повредени со нож тројца млади битолчани appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK