мај 16, 2026

На концертот на српската пејачка Теа Таировиќ во Битола се случил крвав инцидент, кога дошло до физичка пресметка помеѓу две групи.

Тепачката била пријавена во полиција околу 00.47 часот. Според пријавата, на Ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, главно малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола каде им е укажана медицинска помош. Две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба, како што дознава Макфакс, се пренесени на Клиниките во Скопје.

МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Инаку на концертот на Таировиќ кој се случил Ракометното игралиште било преполно од фанови на пејачката кои играле и пееле со неа и нејзните хитови.

Фото: Битола Њус


The post Тепачка на концертот на Теа Таировиќ во Битола, се пресметувале со боксови и предмети appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK