мај 15, 2026

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска одговори дали има конечна одлука за штрајкот во УЈП.

Според неа, во петокот е постигнат договор со синдикатот, и вработените ќе добијат покачување на плата.
„Потпишан е колективен договор во петокот меѓу „Солидарност“ и УЈП и добиено е позитивно мислење од страна на Министерството за финансии“, вели Лукаревска.

На прашање кога вработените ќе добијат зголемување, Лукаревска истакна дека веќе следната плата ќе биде исплатена со 30% покачување.
Таа истакна дека договорот е постигнат колегијално, транспарентно преку мирно решавање на спорови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK