мај 15, 2026

Кумановец возел под дејство на алкохол и по извршеното алкотестирање, полицијата му измерила, 4,86 промили соопшти денеска СВР Куманово.

Тој е само еден од вкупно 39 санкционирани возачи кои управувале возило под дејство на алкохол откриени и санкционирано во акциската контрола на подрачјето на секторот за внатрешни работи Куманово што беше спроведена викендов.

На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 166 возачи, од кои 94 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило без возачка дозвола, три за нерегистрирано возило и 15 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
Сообраќајните контроли ќе продолжат и наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од кумановската полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK