мај 15, 2026

Европската лабораторија за силни бури вчера соопшти дека во изминатите денови во Италија биле двапати регистрирани рекордни големини на град.

Во бурата која ја погоди Италија на 19-ти јули паѓал град со големина од 16 центиметри, што било нов рекорд за Европа, а „ледени бомби“ со таа големина паѓале во Кармињано ди Брента.

Само 5 дена подоцна, џиновски град го погодил италијанскиот град Ацано Дечимо и тогаш експертите од Европската база на податоци за тешки временски услови констатирале дека градот бил со големина од 19 центиметри.
Според податоците на Европската лабораторија за силни бури, во изминатите децении во северна Италија многу почесто паѓа крупен град отколку во другите европски региони.

Рекордна големина на град во Европа: Вака изгледаат „ледените бомби“ кои паѓале во Италија

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK