Теона е Македонка која изминатиот период стана популарна на Инстаграм со нејзините видеа, односно како звучи македонскиот јазик на најразлични акценти.
Нејзиниот инстаграм профил е „The language blondie“, а во описот има напишано „Здраво, јас се викам Теона и ќе ти помогнам да зборуваш кој било јазик како мајчин“.
Теона одлично говори италијански, француски, шпански, руски, но и одлично ги изведува имитациите како би звучел македонскиот јазик доколку се зборува со акцентот на погоренаведените земји.
„Ова е мојата супермоќ кога станува збор за учење јазици и стекнување акценти: не се плашам да правам грешки. Всушност ги сакам, затоа што се апсолутно неопходни. Практиката е втората најважна работа кога станува збор за учење јазик, а повеќето луѓе никогаш не ја прават затоа што се плашат да не се „засрамат себеси“ и да направат грешка. Грешката не е срамна. Грешка е како учите. Грешка е како ќе станете подобри. Грешката е победа. Секогаш. Мислам, погледнете ги моите грчки пријатели, ги правев најглупавите грешки досега и не можев да се сетам на ништо што ме научија 7 дена, а тие сè уште ме сакаат“, објасни Теона на едно од видеата.
The post (Видео) Македонка стана хит на Инстаграм откако објави како звучи македонскиот јазик со различни акценти appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
