Голманот Емилијано Мартинез вечерва по освојувањето на титулата светски шампион изјави дека финалето против Франција било „многу сложено“.
“Тоа беше многу сложен натпревар, но после се се оствари еден сон. Немам зборови”, изјави Мартинез и додаде дека бил мирен за време на изведувањето на пенали и дека се одело како што сака неговиот тим.
ртинез додаде дека победата му ја посветува на семејството.
По натпреварот, тој беше фотографиран како го теши разочараниот Мбапе заедно со францускиот претседател Макрон.
Прогласен е за најдобар голман на Светското првенство. Како и не би бил, кога правеше чуда пред голот во текот на целиот турнир, а особено во финалето. Вистина, прими три гола за 120 минути (два од пенали), а што одбрани во последните моменти од продолжението уште долго ќе се раскажува – магично го запре ударот на Мунаи од зицер позиција. А потоа во пенал серијата го одбрани ударот на Коман (Чуамени го промаши целиот гол).
Сепак, Мартинез со своето однесување по мечот фрли сенка на одличната игра.
Имено, кога му беше врачена наградата за најдобар голман, тој трофеј го стави на меѓуножјето пред очите на целиот свет. Не е познато што сакаше да покаже голманот на Астон Вила со тоа, но секако се облече.
Следете не, не има насекаде