септември 22, 2024

 Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика сојузничките лидери да го зголемат снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана за Украина и рече дека нема да има мировни преговори со Русија додека таа не се повлече од заземените украински региони, јави ДПА.

Лидерите на земјите од Заедничките сили за брзо дејствување (ЏЕФ), предводени од Британија се состанаа денеска во Рига за да разговараат за одбранбените потреби на Украина. На средбата во Рига присуствуваат  челниците и од Данска, Исланд, Литванија, Летонија, Естонија, Норвешка, Финска, Шведска и Холандија.

Сунак, во главниот град на Летонија, порача дека сега е „неверојатно важен“ момент за ЕУ ​​да ја потврди својата континуирана поддршка за Киев. Тој ги повика другите земји од ЕУ да го задржат истото ниво на поддршка или да ја зголемат помошта за Украина и да му обезбедат на Киев повеќе системи за ракетна одбрана, артилерија и оклопни возила.

Велика Британија најави нови испораки на артилериска муниција согласно договорот за 250 милиони фунти (305 милиони долари) како дел од нејзината одбранбена помош за Украина во 2023 година.

– Мораме јасно да покажеме дека секој едностран повик од Русија за прекин на огнот е целосно бесмислен во сегашниот контекст. Мислам дека би бил лажен повик, кој Русија може да го искористи за да се прегрупира, да ги засили своите трупи и додека не се повлече од освоената територија, не може и не треба да има никакви вистински преговори. Но, она што можеме да го направиме сега е да размислиме што ќе правиме во однос на безбедносните гаранции, рече Сунак.

Според него, ЏЕФ треба да се фокусира на слабеење на способноста на Москва за прегрупирање и обновување на залихите, вклучително и со заземање одлучна позиција против испраќањето дронови од Иран во Русија.

Сунак е во посета на балтичкиот регион. По состанокот на ЏЕФ, тој ќе разговара со летонскиот премиер Кришанис Каринш, а подоцна во текот на денот ќе пристигне во Естонија, каде се очекува да се сретне со војниците на Велика Британија и НАТО, лоцирани на источното крило на алијансата. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK