мај 15, 2026

Сопственик на лозје се изненадил кога стигнал во подумот од викендицата кај Крижевци во Хрватска. Ја нашол вратата од викендицата скршена и со страв влегол во просторијата.

Кога повнимателно разгледал забележал дека некој му ја украл целата залиха на домашна ракија. Наводно, во визбата имало околу 40 литри ракија.

„Помеѓу 22 и 26 јули, во лозарската област Мали Поточец, непознат сторител провалил во викендица и украл десетици литри алкохолни пијалоци“, јавува Н1 Загреб.

„Со тоа го оштетил сопственикот за неколку стотици евра. Полициски службеници водат криминалистичка истрага“, открила полицијата од Копривница.

Освен ракија, крадецот не одзел ништо друго.

The post Крадци провалиле во викендица и украле 40 литри домашна ракија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK