Здравата крвна слика е еден од најважните показатели за состојбата на организмот, бидејќи директно влијае врз енергијата, имунитетот, циркулацијата и целокупното здравје. Ниското ниво на железо, хемоглобин или црвени крвни зрнца често предизвикува замор, слабост, вртоглавици и недостаток на концентрација, а експертите предупредуваат дека исхраната игра клучна улога во подобрувањето на овие параметри.
Меѓу најмоќните природни сојузници за подобра крвна слика се издвојуваат неколку природни сокови богати со железо, витамини, антиоксиданти и минерали кои можат да помогнат во создавањето на црвени крвни зрнца, подобрувањето на циркулацијата и подобрата апсорпција на хранливите материи.
Сок од цвекло – природен „бустер“ за хемоглобинот
Сокот од цвекло со години се смета за еден од најдобрите природни пијалаци за подобрување на крвната слика. Цвеклото е богато со железо, фолна киселина и витамин Ц, хранливи материи кои имаат клучна улога во создавањето црвени крвни зрнца и во зголемувањето на нивото на хемоглобин.
Освен тоа, цвеклото содржи нитрати кои ја подобруваат циркулацијата и можат да помогнат во намалување на крвниот притисок, што позитивно влијае врз здравјето на срцето и крвните садови.
Сок од аронија – мала бобинка со огромна моќ
Аронијата важи за едно од најздравите овошја, а нејзиниот сок е вистинска витаминска бомба. Богат е со железо, витамин Ц и силни антиоксиданти кои помагаат во подобрување на нивото на хемоглобин и во подобра апсорпција на железото.
Антоцијаните, моќни антиоксиданти присутни во аронијата, помагаат во намалување на оксидативниот стрес и го поддржуваат здравјето на срцето и крвните садови. Експертите велат дека редовното консумирање сок од аронија може да помогне и во регулирање на крвниот притисок.
Сок од портокал – витамин Ц за подобра апсорпција на железо
Иако сокот од портокал не е богат со железо, тој има исклучително важна улога во подобрување на крвната слика поради високата содржина на витамин Ц.
Овој витамин му помага на организмот полесно да го апсорбира железото од храната, особено од растителните извори. Затоа нутриционистите препорачуваат цитрусните сокови да се комбинираат со оброци богати со железо.
Покрај тоа, портокалите и другите цитрусни овошја содржат флавоноиди кои имаат противвоспалително дејство и позитивно влијаат врз крвните садови.
Сок од шипка – природна заштита за срцето и крвта
Сокот од шипка е уште еден моќен природен пијалак кој може да придонесе за подобра крвна слика. Богат е со витамин Ц, железо, калиум и антиоксиданти кои помагаат во создавање црвени крвни зрнца и подобрување на циркулацијата.
Експертите велат дека редовното консумирање сок од шипка може да помогне и во намалување на оксидативниот стрес, како и во одржување на здрав крвен притисок и поздраво срце.
Сок од кељ – зелен пијалак полн со железо
Кељот е богат со железо, витамин К и витамини од Б групата, поради што често се препорачува како природна поддршка за организмот.
Железото во кељот помага во создавањето на црвените крвни зрнца, додека витаминот К има важна улога во згрутчувањето на крвта. Дополнително, кељот содржи калциум и антиоксиданти кои придонесуваат за подобра циркулација и здравје на срцето.
Колку често треба да се пијат?
Експертите советуваат овие сокови да се консумираат редовно, но умерено, бидејќи нивниот ефект најчесто се забележува на долг рок.
Препораките се:
Сок од цвекло, аронија, портокал и шипка – три до четири пати неделно
Сок од кељ – секојдневно, но во помали количини од околу 150 до 200 милилитри
Нутриционистите нагласуваат дека најдобри резултати се постигнуваат кога овие сокови се комбинираат со разновидна и балансирана исхрана, доволно сон и редовна физичка активност.
Иако природните сокови можат значително да помогнат, лекарите предупредуваат дека кај посериозни проблеми со анемија или железо секогаш е потребна консултација со стручно лице и редовна контрола на крвната слика.
The post Телото ви испраќа сигнал? Овие природни сокови можат да помогнат за подобар хемоглобин и поздрава крвна слика appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
