мај 15, 2026

Килијан Мбапе (27) одлучи дека тензиите во Реал Мадрид не се доволно високи, па затоа започна отворена војна со тренерот Алваро Арбело (43). По победата од 2:0 против Овиедо, натпревар кој го започна како резерва, францускиот напаѓач застана пред новинарите и без „влакна на јазикот“ го изрази своето незадоволство.

„Тренерот ми рече дека сум четвртиот напаѓач“, рече Мбапе, со што ја покрена лавината што може да го означи крајот на сезоната за мадридскиот клуб, пишува „АС“, во текст насловен „Мбапе влезе во војна“.

Кога еден новинар го праша дали има проблеми со тренерот Алваро Арбело, напаѓачот продолжи со ист тон. „Не, никакви, но мора да ги прифатите идеите на тренерот. Морам да работам за да бидам подобар од Вини, Мастантуно и Гонзало…“

Тоа беше првиот удар, кој Арбелоа се обиде да го ублажи во изјава за медиумите. „Не му ја кажав таа реченица, би сакал да имам четири напаѓачи, сигурно не ме разбрал добро…“ одговори тренерот.

Но, Мбапе имаше повеќе муниција. Како претседателот Флорентино Перез на неговата историска прес-конференција во вторникот, Французинот им дозволи на новинарите да поставуваат прашања без ограничување во микс зоната на стадионот „Бернабеу“.

Тој беше расположен да разговара и да испраќа пораки, без намера да премолчи ништо.

Вториот удар беше за тренерот, во форма на директна критика за отпуштањето на Чаби Алонсо, со кого Мбапе имаше добри односи.

„Добро ја започнавме сезоната, во првенството и во Лигата на шампионите… Но, тоа го загубивме во вториот дел од сезоната. Многу ми е жал бидејќи чувствувам дека имавме јасна претстава за играта, а потоа ја отфрливме.“

Арбелоа одоговори и на оваа негова критика.

„Го прифаќам неговиот начин на размислување, на крајот на краиштата, тој сигурно постигна многу повеќе голови во првиот дел од сезоната отколку во вториот.“

Врвот на тензијата беше достигнат кога на Арбелоа му беше соопштена уште една изјава од Мбапе, во која Французинот рече дека бил подготвен да игра од првата минута против Овиедо.

„Додека сум главен тренер, јас одлучувам. Ако на некого тоа не му се допаѓа тоа, нека го чека следниот тренер“, рече Арбелоа цврсто, демонстрирајќи го својот авторитет, опишува „AС“.

„АС“, издвојува три клучни моменти што дополнително ги заладеа односите меѓу тренерот и мегаѕвездата.

Главната причина за конфликтот беше огромната желба на Мбапе да биде во центарот на вниманието на Ел Класико. Кога на последниот тренинг пред патувањето во Барселона дозна дека нема да биде во почетниот состав, сè експлодираше.

Тој се повлече од тренингот наведувајќи дека е повреден и на изненадување на сите, не беше вклучен во конечниот список на играчи објавен девет часа пред натпреварот на „Камп Ноу“.

Арбелоа, кој претходно алудираше на „големото его“ на одредени играчи, директно се осврна на ова отсуство.

„Играч кој не можеше да седи на клупата пред четири дена, требаше да влезе во второто полувреме денес.“

За креај Мбапе потврди дека нема намера да го напушти Реал.

„Многу сум среќен во Мадрид. Зошто би сакал да си заминам?“

Foto/ EPA

Share

The post АС: Мбапе влезе во војна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK