мај 15, 2026

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека нa 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогресирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се нергаивни.

Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK