мај 15, 2026

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор. Дваесет и седумгодишна девојка од селото Кучица, Штип починала откако ја каснал крлеж.

За случајот информираа од Институтот за јавно здравје.
Девојката првин била хоспитализирана во Штип, а потоа во Скопје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со конго-кримска хеморагичка треска. Болеста брзо прогресирала и девојката починала истиот ден.

Со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството.
Од контактите со висок ризик земени биле четири материјали за тестирање и се негативни. Останатите контакти се ставени под здравствен надзор во наредните две недели.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK