мај 15, 2026

Македонката Сиља Дуковска го освои првото место на коњичкиот турнир „Србија опен“ кој се одржа викендов во Белград.

Во натпреварот во висина на пречки од 1,10 и 1,20 метри, Сиња со грлото Ехо го освои првото место.

Втора беше Леонида Гроздановска исто од Македонија со грлото Октавијан 14.

Третото место го освои Денис Гигуќ од Хрватска.

Гроздановска со Октавијан 14 го освои и второто место во баражниот натпревар со висина 1.20 м.

Покрај Дуковска со грлото Ехо од клубот „Илинден“ и Гроздановска со грлата Кардино 14 и Валентино од „Анималс“, дел од македонската експедиција беа и Сандра Маслинко со Еландо, Кристина Антовска со Дон Октавијан и Лиа Каев со Аполо сите од „Анималс“ и Ева Димитриевска со грлата Киви и Ерос од Бравадос.

Тие  настапија во натпреварот за млади јавачи и коњи со висина на пречки 0,80-0,90 м така наречен ЕК-ЕКВО каде што сите што ќе го завршат паркурот без казнени поени го делат првото место.

The post Македонката Сиља Дуковска освои прво место на коњички турнир во Србија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK