мај 15, 2026

Една од омилените туристички атракции на Самоа е океанскиот ров Суа. Најубавиот природен базен на светот е длабок околу 30 метри и е целосно скриен од светот со бујна вегетација.

Самоа е островска држава лоцирана во Јужниот Пацифик во Полинезија. Оваа земја е се што очекуваме од егзотична дестинација. Островите се украсени со неверојатно убава вегетација, корални гребени, активни вулкани и прекрасни плажи, исто како од разгледница.

Еден од островите, Уполу, е меѓу попознатите. На него, на само неколку десетици метри од плажата, има многу необично место за капење, многу посебна дупка. Неговото име е Sua Ocean Trench, што буквално значи „голема дупка“.

Океанскиот ров Суа е создаден по ерупцијата на вулкан на островот, тој е поврзан со морето со тесен канал и е навистина најубавиот природен базен на светот. Во смарагдната вода можете да влезете само на едно место, има скала со мала платформа која е и даска за нуркање.

The post (Видео) Најубавиот природен базен на светот се наоѓа во Полинезија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK