мај 14, 2026

Холивудскиот актер Брус Вилис повторно ќе ѝ се врати на глумата и покрај тоа што пред една година се повлече од Холивуд откако му беше дијагностицирана афазија. Глумецот почна да ја губи способноста за зборување, а потоа му беше дијагностицирана ретка форма на деменција.

Сега светските медиуми пренесоа дека еден од најдобрите акциони актери би можел повторно да се најде на филмското платно. Режисерот Квентин Тарантино наводно сака да му даде улога во неговиот нов филм. Тарантино веќе некое време го подготвува „Филмски критичар“, во кој Брус би можел да има помала улога.

Тарантино се уште нема контактирано со семејството на Вилис, но рече дека сака да ја почитува нивната одлуката каква и да е. Рече дека нема да инсистира да глуми Вилис и дека во случај да го одбијат, во филмот ќе вметне некои снимки од некои претходни филмови со глумецот.

Поранешната девојка на Брус Вилис, Марија Браво, неодамна откри за неговата здравствена состојба.

„Работите се влошуваат и не иде на добро. Зборував со неговата сопруга Ема и за жал, болеста е прогресивна. Сакам да му испратам многу позитивна енергија и љубов“, рече Марија.

 


The post Брус Вилис би можел да глуми во новиот филм на Тарантино и покрај болеста appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK