мај 14, 2026

Со „Болеро“ од Морис Равел на ансамблот на Националната опера и балет во комитска облека, вчеравечер пред споменикот „Македониум“ на Гумење во Крушево беше отворена манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Присутните граѓани дојдени во Крушево да го празнуваат Илинден се собраа на централната манифестација и со аплауз и овации го поздравија уникатниот танц на ансаблот на НОБ.

Во предвечерието на празнувањето на празникот „120 години Илинден- Огниште на татковината“, настапи и фолк-пејачката Сузана Спасовска облечена во традиционална македонска носија.

По неа настап имаше  и рок групата „Зијан“.

Помеѓу присутните беше и политичкиот врв од земјата.

 

The post Со комитско Болеро среде Крушево започна прославата за Илинден appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK