мај 14, 2026

Традиционално денеска на Охридското Езеро ќе се одржи 44. Илинденски пливачки маратон, на кој се пријавени педесетина пливачи од Македонија и странство. Ќе бидат поделени во две категории – пливачи постари од 16 години старост и пливачи родени 2008 година и помлади.

Патеката е во должина од 2,5 километри, а  стартот на маратонот ќе биде од плажата „Горица 1“, со тоа што помладите стартуваат во 10:30 часот, додека втората група час подоцна.

Целта е на Кеј Македонија во Охрид кај хотелот „Нова Ривиера“, а пристигнувањето на пливачите на целта се очекува околу пладне.

Илинденскиот пливачки маратон е во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008 Охрид“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.

The post Педесетина пливачи ќе учествуваат на традиционалниот Илинденски пливачки маратон во Охрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK