мај 14, 2026

Вчера во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје.

Полицијата постапувала по пријава според која скопјанецот, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со текст за наводна купопродажба на имотот, кој во суштина претставувал договор за солемнизација на целиот имот и банкарските сметки, со цел да ги префрли на свое име и да се стекне со противправна имотна корист, додека ја држел затворена во нејзиниот дом.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK