мај 14, 2026

Изминатите два месеци беа еден од најтешките периоди во животот на Анастасија Ражнатовиќ. По загубата на бебето, пејачката не криеше колку ѝ било тешко.

Таа го згасна својот инстаграм-профил, а единствените луѓе со кои разговараше во тој период беа нејзините најблиски роднини и свештениците од манастирот што секојдневно го посетувала.

Дека убавата Таса полека закрепна од болката со која се соочи стана јасно од тоа што следуваше. Во друштво на своето момче Немања, како и на неговиот брат и снаа, таа замина на одмор, кој вклучуваше посета на многубројни егзотични дестинации.

На видеата и фотографиите кои ги објави на Инстаграм повторно можевме да ја видиме нејзината насмевка. А, како шлаг на прекрасно поминатите денови беше спектакуларна свршувачка со која Немања ја изненади.
Иако досега не сакаше да зборува како излегла од тешкиот период, се чини дека со последната објава објасни кој најмногу ѝ помогнал да ја преболи загубата на бебето.

„Вака се добиваат битки“ – пишува во објавата на Таса во која сите веднаш го препознаа Немања, кој цело време беше покрај својата свршеница по загубата на бебето.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK