мај 14, 2026

Доколку сте љубител на десерти, тогаш можете да ги направите овие слатки мафини со џем и јогурт.

Состојки:

300 гр грчки јогурт

2 јајца

3 лажици шеќер

2 лажици скроб

1 лажица екстракт од ванила

150 гр јагоди

3 лажици чиа семе

1 лимон

Подготовка:

Во сад измешајте ги јогуртот, јајцата, шеќерот, скробот и ванилата. Добро измешајте, па истурете ја смесата во калап за мафини подмачкан со масло.

Истурете ја смесата, но не ги полнете калапите до горе, печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. За тоа време направете го џемот. Јагодите измијте ги и испасирајте ги, па истурете ги во тенџере.

Додадете го чиа семето и варете неколку минути. Исклучете го шпоретот и кога џемот ќе се олади додадете го сокот од лимон и измешајте. Намачкајте го џемот врз мафините.


The post (Видео) Мафини со јогурт и џем appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK