мај 14, 2026

Ребрендираниот тим на АП Брера Струмица утре ќе биде домаќин на најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот натпревар од новата сезона во Првата фудбалска лига. Иако имаше најави дека „Комитите“ ќе можат да гостуваат, а струмичкиот клуб се потруди да постави и монтажна трибина, сепак, тоа нема да се случи.

„За жал, гостинските навивачи нема да можат да бидат присутни. Добивме допис од ФФМ дека не смееме да ги примиме ‘Комити’ на трибините. Во мое име им се извинувам и во име на клубот. Направивме сѐ што беше во наша моќ, монтиравме и дополнителна трибина за таа намена“, изјави Горан Пандев.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 17 часот.

 

The post Пандев: Не смееме да ги примиме „Комитите“, забраната е од ФФМ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK