мај 14, 2026

Химната на Југославија се слушаше на плажа во Улцињ, а многумина од туристите во знак на почит станаа и стоеја во место. Откако заврши почнаа да аплаудираат. Мештаните велат дека химната се пушта секој ден во лето точно во 18 часот.

Улцињ е град во југозападниот дел на Црна Гора, на Јадранското Море, и е познато туристичко место уште од Југославија. Околу 70% од жителите, од вкупно десетте илјади, се етнички Албанци.

За потсетување, „Еј, Славени/Hej, Sloveni“ беше официјалната химна на Југославија. Напишана е од словачкиот свештеник Самуел Томашик во 1834 година како химна на панславизмот. Музиката е заснована на химната на Полска. По распаѓањето на Југославија беше химната на СР Југославија, а подоцна и на Србија и Црна Гора.

Zavrsetak “ radnog” dana na plazi Mojito.. u Ulcinju.. dnevno.. pic.twitter.com/XwS1Tvsdw1

— Bogdan Tanjevic (@BogdanTanjevic) August 3, 2023

The post (Видео) Химната на Југославија се слушаше на плажа во Улцињ, туристите станаа и стоеја во место во знак на почит appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK