Во Кавала денеска уапсен е 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција, додека пак според медиумите станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме.
Кавала: Бугарин од пристаништето го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме
Според соопштението од Крајбрежната служба, веднаш откако ги сменил знамињата, 35-годишниот побегнал, не ги почитувал наредбите на пристанишните власти, давајќи силен отпор при апсењето и навредувајќи ги надлежните.
Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека освен што ги навредувал надлежните извикувал дека конкретните области ѝ припаѓаат на Бугарија, а според информациите на агенцијата, ова е втор сличен инцидент за уапсениот, кој најверојатно е член на „екстремистичка организација која смета дека Кавала и грчкиот регион источна Македонија ѝ припаѓаат на Бугарија, а не на Грција“.
Следете не, не има насекаде
