мај 14, 2026

Бебето кое се роди под урнатините на зграда по земјотресот што ја погоди Сирија сега има шест месеци и расте во семејството на неговите посвоени родители во Џиндерис, Сирија.

Бебето се уште било врзано за мајка си за папочната врвца кога спасувачите го извлекле од урнатините, 10 часа по земјотресот.

Во земјотресот загина целото семејство, чии тела беа пронајдени на излезот од урнатата зграда. Се претпоставува дека мајката го родила бебето под урнатините, а потоа починала.

Вработените во болницата на девојчето му дале име Аја, што значи чудо или дар од Бога. Меѓутоа, нејзините посвоители ја прекрстиле во Афра.

Девојчето е посвоено од нејзиниот братучед Калил ал Савади и таа сега живее и расте со неговото семејство и децата.

The post Бебето со папочна врвца кое беше спасено под урнатите во Сирија, денес има шест месеци и живее со посвоените родители appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK