мај 14, 2026

Полициска кола синоќа излетала од патот по удар од товарно возило што превезувало дрва, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Околу 21 часот на патот кон вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп и од СВР Велес дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“ без регистарски ознаки, натоварено со дрва, но, возилото продолжило со движење. Притоа, совозачот фрлал дрва по патот за да го блокира патот на полициските службеници, додека пак возачот на товарното, со задната страна го удрил службеното полициско возило и го спречил да го престигне. По што, службеното возило излетало од патот, се наведува во соопштението на МВР.

Товарното возило било пронајдено кај место викано „Три багреми“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK