мај 14, 2026

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри.

Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид.

Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

The post Охриѓанец пукал на свадба и повредил две лица appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK