мај 14, 2026

Маж од Хрватска стана хит на социјалните мрежи откако решил да дојде до соседот користејќи го базенот на своите деца како чамец за време на поплавите предизвикани од невремето. Поплавите кои пред неколку дена ја зафатија Словенија стигнаа и до Хрватска. Една од првите на удар беше Општина Брдовец, која беше поплавена од реката Сава.

Меѓутоа, и во ваква тешка ситуација, локалното население најде начин да се смее и да се забавува. Еден од жителите на ова место решил да весла кај својот сосед во детскиот базен.

Во групата на која беше објавено видеото на социјалните мрежи се појавија многу мештани кои напишаа: „Браво комшија“, „Браво Марко“, „Вистински комшија“.


The post (Видео) Маж од Хрватска во детски базен веслаше до кај соседот: Браво, комшија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK