Националното собрание на Јужна Кореја денеска беше евакуирано поради закана за бомба.
Наводно, голем број владини функционери добиле е-пошта, во која му се закануваат на јужнокорејскиот опозициски лидер, Ли Џае Мјунг, со бомба.
МОРНИЧАВИ ПОРАКИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Ќе активираме бомба ако лидерот на опозицијата не биде убиен до среда
Според јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, непознатите напаѓачи преку е-пошта се заканиле дека ќе активираат бомба во библиотека во Сеул доколку Ли не биде убиен до 15.34 часот в среда.
По евакуацијата на парламентот, полицијата испрати екипа за деактивирање бомби да трагаат по евентуален експлозив во собранието.
Следете не, не има насекаде
