декември 27, 2024

Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден вечерва ќе организираат прием во Белата куќа по повод празникот Ханука. На забавата ќе учествуваат и потпретседателката Камала Харис и вториот џентлмен Даг Емхоф, прв во историјата брачен партнер Евреин на еден потпретседател на САД.

Еврејската е една од најголемите дијаспори во САД. Ханука трае осум денови, започна во неделата. Иако е најпознат, можеби поради близината со католички Божиќ, тоа сепак не е најрелигиозниот празник на Евреите. 

Познат и како Фестивал на огновите, тогаш се празнува осветувањето на Вториот Храм во Ерусалим во 2. век пред нашата ера. По победата на грчко-сириските владетели и нивниот прогон од Ерусалим, Евреите тогаш ја запалиле менората, канделабра од седум свеќници.   

Во понеделник навечер ќе биде осветлена менората која беше направена специјално за Белата куќа, и која стана првиот еврејски артефакт додаден во архивите на Белата куќа. 

На приемот, Бајден се очекува да одржа говор во кој ќе го осуди антисемитизмот.

Националната менора на САД беше осветлена во неделата во Вашингтон. 

Во неделата во Њујорк, најголемата менора на светот беше осветлена каде градоначалникот Ерик Адамс ја потсети толпата дека Њујорк е дом на повеќе Евреи од кое било друго место во светот. 

Еврејските семејства ширум светот ќе ги запалат своите домашни менори за секој од осумте дена на Ханука. Оваа година Ханука завршува ден по католички Божиќ. 

Украсена менора изработена од затвореник во логорот Терезиенштат беше пронајдена по војната и сега се наоѓа во Еврејскиот музеј во Њујорк, соопшти Гласот на Америка. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK