декември 27, 2024

– Поранешниот кинески министер за индустрија и информатичка технологија Сијао Јакинг е исклучен од кинеската Комунистичка партија и ослободен од владините должности откако беше прогласен за виновен за примање мито, соопшти кинеската агенција за борба против корупцијата, пренесоа британските медиуми.

Сијао (62) ќе биде деградиран и ќе бидат преземени мерки за негово пензионирање, се наведува во соопштението на Интернет страницата на Централната комисија за дисциплинска одговорност.

Од јули тој се најде под истрага за наводни прекршувања на дисциплината и законот.

Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија контролира огромен дел од економијата, од телекомуникациите од следната генерација до производството на полупроводници, вакцини и електрични возила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK