мај 13, 2026

За прв пат од почетокот на војната, патнички авион ја прелета Украина.

Турската авиокомпанија ББН ја потврди информацијата дека на 25 јули нејзиниот чартер авион Ербас А320-200 на летот Осло-Анталија се пренасочил од првобитната рута поради невреме и завршил на затворено небо над Украина.

ДРАМА НАД УКРАИНА: Патнички авион по грешка завршил на небото на земја разурната од војна?! ПАТНИЦИТЕ НЕ ЗНАЕЛЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА

Авионот се сврте кон Украина од унгарскиот воздушен простор и долго леташе над југозападните делови на земјата разурната од војна, а потоа влезе во Романија.

Според порталот НРК, патниците не биле свесни дека леталото се наоѓа во воздушниот простор на Украина.

Ја разбираме загриженоста во врска со инцидентот и гарантираме дека активно ќе преземеме мерки за да спречиме појава на слични случаи – изјави портпаролот на турската компанија.

Норвешкиот експерт за воздухопловство Ларс Педер Хага вели дека ризикот од соборување на авионот бил мал, но сепак постои опасност.

Потенцијално е опасно да се лета во воена зона каде што има противвоздушни системи кои ги достигнуваат височините на кои вообичаено летаат патничките авиони и каде што може да има авиони кои не ја емитуваат својата позиција – вели Педер Хага за НРК.

Не е познато колку патници имало на летот, но Ербас А320-200 може да превезе до 180 луѓе.

Малезиски патнички авион со 280 патници и 15 членови на екипажот беше соборен над Украина во 2014 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK