мај 13, 2026

Вероника Греј во средата во Австралија е осуден на двегодишна условна затворска казна затоа што им испраќал поштенски пакети со неговата урина на холивудските актери Леонардо ди Каприо (48) и Џаред Лето (51). Содржната била откриена и Греј разоткриен, кога еден од пакетите случајно се истурил врз поштарот. Според австралиските медиуми Греј им испратил 20 поштенски пакети.

Содржината на примателите им била претставена како слатки за Валентајн. Судијата Дин Потер ги осуди постапките на Греј, објаснувајќи дека тие ја нарушиле работата на локалната пошта, објави ABC.

Психијатрискиот извештај доставен до судот покажа дека Греј боледува од ментално растројство, а неговиот адвокат рече дека не сакал да ги вознемирува актерите, туку сакал со нив да ја сподели својата страст за заштита на животната средина.


The post Осуден Австралиецот кој преку пошта ги вознемируваше Леонардо ди Каприо и Џаред Лето appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK