мај 13, 2026

Филмот „Барби“ е повлечен од кината во Алжир речиси еден месец откако првпат беше прикажан во земјата. Одалжирското Министерство за култура и уметност ги известило кината во Алжир, Оран и Константин да го повлечат филмот, објави „Асошиејтед прес“.

Алжирските власти не ја коментираа ова барање ниту го објаснија. Филмот „Барби“ веќе беше прикажан во некои кина во Алжир минатиот месец, но дистрибутерите го отстранија од распоредот за прикажување од оваа недела.

Овој потег доаѓа откако властите во Кувајт и Либан забранија филм базиран на американски модни кукли поради наводно поткопување на конзервативните вредности.


The post По Либан и Алжир забрани „Барби“ да се прикажува во кината appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK