Малолетничка од Кавадарци пријавила дека роднина извршил обљуба врз неа, информираа денеска од СВР Велес.
Завчера околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од СВР Велес.
The post Затворник од Кавадарци пуштен на викенд силувал малолетно девојче кое му било роднина appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде
