септември 22, 2024

Конгресниот комитет кој го истражуваше минатогодишниот упад во американскиот Капитол денеска издаде препорака за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Телото едногласно побара од Министерството за правда да го гони Трамп, заради постоење основани сомненија дека сторил неколку кривични дела – поттикнување бунт, попречување официјална постапка, заговор за измама и давање лажни изјави.

-Комитетот обезбеди значајни докази дека претседателот Трамп имал намера да ја наруши мирната транзиција на власта според нашиот Устав, рече претставникот Џејми Раскин додека ги изложуваше наодите на панелот.

-Веруваме дека доказите опишани од моите колеги денеска и собрани во текот на нашите сослушувања, гарантираат кривично гонење на поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп, рече Раскин. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK