мај 13, 2026

Во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот утрово на подрачјето на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 58 возачи од кои 29 во Прилеп, 13 во Битола, 6 во Крушево, 5 во Македонски Брод, 3 во Ресен и 2 во Демир Хисар.
Во Прилеп е санкциониран и возач кај кого се измерени 4,55 промили алкохол.

За време на контролата биле санкционирани и 42 други видови прекршоци. Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK