мај 13, 2026

Министерот за здравство Фатмир Меџити на својот Фејсбук објави дека конечно е надминат наследениот проблем со набавката на ленти за мерење шеќер. Како што посочи, дијабетичарите веќе во текот на следната недела ќе може да ги набават во аптеките.

Воедно, истакна дека се прават максимални напори што побрзо да пристигнат и сензорите за дијабет.
„Со ова ќе исполниме едно од најзначајните барања на дијабетичарите. Им се заблагодарувам на трпението на пациентите и жалам за настанатата ситуација која е резултат на непостапувањето и негрижата на Беким Сали. Како што ветив, додека сум јас министер доцнење на лекови кои ги обезбедува Министерството за здравство нема да има“, напиша Меџити.

The post Меџити: Обезбедивме ленти за мерење шеќер, правиме напор и за сензори appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK