Канадскиот рапер Дрејк би освоил 2,75 милиони долари доколку неговиот облог бил добитен.
Заврши уште едно Светско првенство, а го освои Аргентина која во финалето ја победи Франција со подобро изведување на пенали. На славењето на Аргентина се обложил и познатиот канадски рапер Дрејк, но и покрај тоа што Лео Меси го подигнал пехарот, Дрејк изгубил милион долари.
Дрејк се обложил еден милион долари за победа на Аргентина со потенцијална победа од 2,75 милиони долари, додека неговиот пријател казино стример Роштејн, чие вистинско име е Исмаел Шварц, вложил исто толку пари во Франција, што би му донело 2,85 милиони во случај на нивна победа.
Иако Лео Меси на крајот ја освои титулата со Аргентина, што успеа дури по изведувањето пенали, а двајцата се кладеа на победа на тимовите на кои се обложија во текот на 90 минути игра без продолженија, па нивните облози не беа успешни.
Дрејк е веќе познат по своите огромни облози. Така тој се обложил на Супербоул каде освоил 1,4 милиони долари откако вложил 1,26 милиони, а изгубил 2 милиони обложувајќи се на борб во УФЦ во која шампионот во средна категорија, Израел Адесанја, загубил од Алекс Переира.
Следете не, не има насекаде