мај 12, 2026

На 27.08.2023 во 01 часот, согласно претходно изготвен оперативен план за контрола на угостителски објекти, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола во угостителски објект во Охрид.

При контролата кај едно лице е пронајдена марихуана, а затекнати се и 17 странски државјанки од кои четири престојувале спротивно на законите во државата (две од Русија со пречекорен престој, една од Србија со пречекорен престој и една државјанка на Србија со активна забрана за влез во државата). Лицата се приведени и надлежен судија во Основен суд Охрид изрекол парични казни и мерка протерување.    

Од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки и утврден е вишок од 80.000 денари, пари кои не биле евидентирани, за што ќе следуваат соодветни санкции. Од страна на Државниот инспекторат за труд затекнато е лице кое извршувало работни активности, а не било пријавено, за што ќе следува соодветна пријава. Од страна на Државниот пазарен инспекторат констатирано е кршење на забраната за пушење во угостителскиот објект, за што се изречени соодветни санкции.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK