мај 12, 2026

Борусија Дортмунд во финишот на преодниот рок ќе се обиде да го донесе во своите редои Јусуф Поулсен од Лајпциг. Данецот е легенда на Лајпциг, во клубот пристигна пред десет години од Лингби. Со „биковите“ од Третата успеа да дојде до Биндес лигата, а во последните сезони клубот е редовен учесник во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд го сака Поулсен бидејќи во јануари наредната година ќе остане без најдобриот стрелец Себастијан Але. Напаѓачот во тој период ќе игра на Африканскиот куп.

Наводно, Поулсен ја прифатил понудата. Прашање е како ќе реагира Лајпциг. Поулсен се уште е важен дел во тимот, меѓутоа тој влезе во последната година од договорот, што значи дека ова е последна шанса клубот да заработи од трансферот.

Јусуф Поулсен во кариерата има одиграно 361 натпревар за Лајпциг.

The post Поулсен ја прифатил понудата од Дортмунд, на потег е Лајпциг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK