декември 28, 2024

„Реална закана за безбедноста на нашите граѓани нема, но лажните дојави за бомби не треба да останат така, туку треба да се работи посериозно на откривање на причинителите“, изјави денеска министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Според неа, може да имаме претпоставки зошто токму земјава е интензивно опфатена со дојави за поставени бомби, но за да знаеме точно од кого се предизвикани и што е целта, мора да го знаеме и сторителот.

„Една од претпоставките е позицијата на Република Северна Македонија во поглед на конфликтот во Украина, односно јасното застанување на страната на правдата во оваа држава. Целта на лажните дојави е да се предизвика паника и недоверба во институциите меѓутоа и паника кај населението. Но, кога ќе видите дека главната цел е психичка дестабилизација и негативно влијание врз граѓаните, сите претпоставки се отворени“, рече Петровска во одговор на новинарско прашање пред почетокот на официјална промоција на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во Стопанската комора.

Таа посочи дека координацијата за лажните дојави за бомби се одвива помеѓу МВР и МНР, но, како што истакна, се вклучува и Министерството за одбрана со своите капацитети и со военото разузнавање.

„Оние информации кои пристигнуваат до нас ги споделуваме со МВР и МНР со цел да се направи стратегија за побрзо и поефикасно дејствување. И од искуствата од земјите во регионот, па и пошироко, се гледа дека кога станува збор за ваков тип на дејствување откривањето оди многу побавно заради тоа што се користат современи алатки на комуникации за кои е потребно малку повеќе време. Останува на институциите да работат уште посилно во откривањето, меѓутоа и во зајакнувањето на сопствените капацитети со цел да ја гарантираат безбедноста на граѓаните“, рече Петровска.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK