мај 12, 2026

Деветнаесет годишната Мија Стерјовска од Македонија се закити со нова титула и стана Мис Медитеран за 2023 година. Таа победи на годинашниот избор кој се одржа во Кипар, а убавата вест ја сподели нејзиниот ментор Мики Црнокрак.

„Победа за Македонија и модното студио Црнокрак. Мија Стерјовска е новата Мис на Медитеранот“, рече Црнокрак по прогласувањето на Мија за Мис Медитеран.  

За потсетување, Мија минатата година ја освои титулата Кралица на убавината на изборот што се одржа во Истанбул, Турција. Како член на модното студио „Црнокрак“ ја доби наградата за најубава меѓу 30 кандидатки од триесет држави од Евроазија.


The post Мија Стерјовска е избрана за Мис на Медитеранот за 2023 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK