Поранешната олимписка лизгачка Александра Пол, загина во сообраќајна несреќа во Канада. Пол загина на 31 година, а во сообраќајката која се случи во близина на Торонто со тешки повреди се здобило нејзиното дете. Веднаш било однесено во детска болница, од каде рекоа дека е во стабилна состојба.
Во несреќата се повредени уште тројца други учесници во сообраќјот. Од полицијата соопштија дека засега против еден од возачите на камион не е покренато обвинение. За потсетување, Пол се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 2014 година.
The post Олимписката лизгачка Александра Пол загина во сообраќајна несреќа appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
