Направете ја оваа вкусна пита со сливи и ќе имате одличен десерт за со кафе.
Состојки:
800 гр сливи
100 гр кафеав шеќер
100 гр брашно
50 g густин
цимет
мускатно оревче
Подготовка:
Измијте ги, исчистете ги и исечете ги сливите на половина, па наредете ги во веќе подмачкана тава. Кога ќе ги наредите, прво посипете ги со шеќер, а потоа со измешаната смеса од брашно и густин.
На крај посипете со цимет и изрендајте малку морско оревче. Густинот ќе им помогне на сливите да се соединат и малку да се згуснат во нивниот сок што го пуштаат при печењето. Питата се пече на 180 степени 20-25 минути.
Уживајте!
The post Пита со сливи, вкусно летно уживање appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
