мај 12, 2026

Македонскито џез музичар Владимир Четкар во октомври ќе одржи концерт во Јужна Кореја за 20 годишниот јубилеј на тамошниот најголем и најпрестижен џез фестивал, „Јарасум Џез Фестивал“.

Четкат втор пат ќе настапи на „Јарасум Џез Фестивалот“, а покрај овој фестивал тој ќе одржи уште два концерти во Јужна Кореја од кој на 6 Октомври во водечкиот џез клуб во Сеул, а на 8 Октомври во  центарот за уметности на градот Гангнеунг, ‘Gangneung Arts Center’. Четкар таму ќе се претстави со својата авторска музика на главната сцена на која ќе настапат некој од најзвучните светски џез имиња од поновата и старата генерација како Ричард Бона, Јулиан Лаге, Тигран Хамасјан и други.

На турнејата во Јужна Кореја Четкар ќе биде придружуван од бенд составен од македонски музичари и тоа Филип Стевановски на тромбон, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Филип Димисковски на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Дино Милосављевиќ на тапани.

По Кореја, Четкар заминува за Јапонија каде ќе има промотивни активности околу неговиот нов сингл ‘A New Day’ со кој ќе го најави новиот студиски албум како и радио интервју со Масахару Јошиока, еден од најпознатите музички критичари во Јапонија и еден од најголемите промотери на музиката на македонскиот кант автор и изведувач во Азија.

The post Владимир Четкар ќе настапи во Јужна Кореја на еден од најголемите џез спектакли во светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK