Статистиката за продажба на игри во Европа во јули покажа дека играчите се враќаат на истите игри за време на „сушниот период“.
Јули 2023 година не беше баш полн со некои возбудливи игри, како што е вообичаено во текот на летото. Затоа не е изненадување што Европејците повторно најмногу ја купија речиси десет години старата GTA 5.
Според извештајот на GI.biz, 11,6 милиони игри биле продадени во Европа во текот на јули, што е за 34% повеќе отколку во истиот период во 2022 година. Од нив, 7,9 милиони игри беа продадени дигитално (не сметајќи ги игрите на Nintendo), а 3,7 милиони игри беа во физички копии.
На европскиот пазар во текот на јули се продадени 493 илјади конзоли (не сметајќи ги Германија и Велика Британија), што е за 62,5% повеќе во однос на седмиот месец од минатата година. Најпродавана конзола беше PS5, а потоа и Nintendo Switch.
Што се однесува до новите игри, само играта Pikmin 4 за Nintendo Switch се најде меѓу 20-те најпродавани во јули, на 11-то место.
Еве ја листата на најпродаваните игри во Европа во текот на јули:
Grand Theft Auto 5
FIFA 23
Red Dead Redemption 2
Diablo 4
Hogwarts Legacy
The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom
The Crew 2
F1 23
Call of Duty: Modern Warfare II
NBA 2K23
The post Ова се најпродаваните видео игри во Европа – GTA 5 се уште ненадмината appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
