мај 12, 2026

Денеска и утре се официјалните датуми за упис на студенти во прва година на 23 факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Според Конкурсот што го распиша УКИМ, за студиската 2023/2024 година слободни се 10.473 места. Од нив 5.074 се предвидени за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 4.439 за редовни со кофинансирање на студиите и 960 за вонредни студенти.

Може да се запишат и странски студенти за кои има или утврдено број или процент од вкупниот број запишани студенти на одредена студиска програма.

Прелиминарната ранг-листа со резултати од успехот на кандидатите од средно образование ќе биде објавена на 4 септември. Приемните испити на факултетите каде што ги има ќе се одржат на 1 септември, а резултатите се очекуваат на 6 септември.
Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 11 септември, по што следните два дека е запишувањето на кандидати.

Вториот рок за уписи е на 18 и 19 септември, а третиот, каде што ќе останат слободни места, ќе биде на 28 септември

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK