мај 12, 2026

Додека низ светот се уште се шпекулира за причините за падот на авионот во кој се наоѓал Евгениј Пригожин, се очекува руското истражно биро во одреден момент да ги открие причините за настанот. Во меѓувреме, се појави вест дека местото на падот на авионот е избришано.

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ НА МЕСТОТО НА падот на авионот на ПРИГОЖИН: Местото на несреќата е избришано, израмнето со багери и булдожери! (ФОТО)

Си-Ен-Ен јави дека локацијата е израмнета со багери.

Местото на несреќата беше целосно срамнето со булдожери, како авионот никогаш да не се урнал – објави новинарот Метју Шанс, кој моментално се наоѓа во Русија.

Како што покажуваат видеата од местото на настанот, на едно место на голема чиста површина каде до пред некој ден се собираа остатоците од кобниот авион, останал само камен со цвеќиња.

Авионот падна на 23 август, а кога екипажот на Си-Ен-Ен пристигна на местото во понеделникот наутро, сите делови од авионот веќе беа отстранети.

На теренот кој го израмнија багерите, имаше само мал импровизиран споменик со цвеќиња и амблемот на групата Вагнер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK